Типови и видови на биоцидни производи

Биоцидни производи се супстанции и смеси кои содржат една или повеќе активни супстанции подготвени во конечен облик кои се испорачуваат на корисникот, наменети за уништување, спречување на дејството или намалување на опасноста, за постигнување на контролирачки ефект на кој било штетен организам по пат на хемиски или биолошки начин.

Нивната примена е широка, се користат за дезинфекција во домаќинства, јавни и здравствени установи, во индустриски објекти, во прехранбена, фармацевтската индустрија, во базени за капење, за уништување на инсекти и глодари, за заштита на готови производи кои се во оригинална амбалажа, за заштита на дрво, кожа, гума, хартија, текстил, за заштита на течностите во разладните системи и други начини на примена.

Биоцидните производи според типот се распоредуваат во групи, и тоа:

1.Дезинфициенси и биоцидни производи за општа употреба

2.Конзерванси

3.Биоцидни производи за сузбивање на штетници

4.Останати биоцидни производи

На секој биоциден производ според типот му се доделува ознака на производниот тип (PT)  и соодветен број.

Во групата на дезинфициенси и биоцидни производи за општа употреба спаѓаат следните типови на биоцидни производи:

1.Биоцидни производи за лична хигиена на луѓе (PT1)

Биоцидните производи РТ1 се користат за одржување на лична хигиена на луѓето.

2.Дезинфициенси и други биоцидни производи кои се користат во домаќинствата и во јавно здравствените објекти (PT2)

Биоцидните производи РТ2 се користат во домаќинствата, јавни и индустриски објекти, вклучително и во болници, за дезинфекција на воздух, површини, материјали, опрема и мебел кој не е во директен контакт со храна за луѓе или животни. Во овој тип спаѓаат и биоцидни производи кои се користат како алгациди.
Биоцидните производи РТ2 се користи и во базени, аквариуми, вода за капење и други намени, во клима уреди, за ѕидови и подови во здравствени и други установи, хемиски тоалети, отпадни води, болнички отпад, земја и други подлоги (на игралишта).
 
 
3.Биоцидни производи за хигиена во ветерината (PT3)
 
Биоцидните производи РТ3 се користат за одржување на хигиената во ветерината, вклучително и производи кои се користат во простор во кој се држат, чуваат или транспортираат животни.
 
4.Дезинфициенси кои се користат за површини кои доаѓаат во контакт со храна за луѓе и животни (PT4)
 
Биоцидните производи РТ4 се користат за дезинфекција на опрема, амбалажа, прибор за јадење, површини или цевководи кои доаѓаат во контакт со храна или пијалоци (вклучително вода за пиење) во текот на производството, траснпортот, складирањето или потрошувачката.
 
5.Дезинфициенси за вода за пиење (PT5)
 
Биоцидните производи РТ5 се користат за дезинфекција на водата за пиење за луѓето и животните.
 
Во групата на конзерванси спаѓаат следните типови на биоцидни производи:
 
1.Конзерванси за заштита на готови производи (PT6)
 
Биоцидните производи РТ6 се користат за заштита на готови производи кога се во оригинална амбалажа (освен на храна за луѓе и животни), од штетното дејство на микроорганизмите, со цел да се зачува квалитетот на производот до назначениот рок на употреба.
 
2.Конзерванси за заштита на филмови (PT7)
 
Биоцидните производи РТ7 се користат за заштита на филмови или премази од штетното дејство на микроорганизми,  со цел да се зачуваат почетните особини на површината на материјали или предмети како што се бои, пластика, средства за пополнување, ѕидни тапети, хартија и уметнички дела.
 
3.Конзерванси за заштита на дрво (PT8)
 
Биоцидните производи РТ8 се користат за заштита на дрво, од моментот на неговото донесување во пилана, вклучувајќи ја и самата обработка на дрвото во пиланата, или производи од дрво, од организми кои го уништуваат или оштетуваат дрвото.
Во биоцидните производи РТ8 спаѓаат и превентивните и куративните биоцидни производи (биоцидни производи кои спречуваат, или ги одстрануваат настанатите оштетувања).
 
4.Конзерванси за заштита на влакна, кожа, гума и полимерни материјали (PT9)
Биоцидните производи РТ9 се користат за заштита на влакнести и полимерни материјали, како што се производи од кожа, гума, хартија или текстил, како и самата гума од штетното дејство на микроорганизмите.
 
5.Конзерванси за заштита во градежништвото (PT10)
 
Биоцидните производи РТ10 се користат за заштита и дополнителен третман на градежни или други материјали за конструкција, со исклучок на дрво, од штетното дејство на микроорганизмите и алгите.
 
6.Конзерванси за заштита на течности во разладни и процесни системи (PT11)
 
Биоцидните производи РТ11 се користат за заштита на вода или други течности кои се користат во разладни и процесни системи, од штетното дејство на организмите како што се микроорганизми, алги и школки.
Овој тип на биоцидни производи не ги вклучува дезинфициенсите за вода за пиење.
 
7.Слимициди (PT12)
 
Биоцидните производи РТ12 се користат за спречување или сузбивање на развојот на слуз на материјалите, опремата и предметите кои се користат во индустриските процеси, на пр. на дрвена или хартиена пулпа или порозен песочен слој кој се користи при екстракцијана нафта.
 
8.Конзерванси за заштита на флуиди кои се користат при обработка на метал (PT13)
 
Биоцидните производи РТ13 се користат за заштита на флуиди кои се користат при обработка на метал од штетното дејство на микроорганизмите,
 
Во групата биоцидни производи за сузбивање на штетници спаѓаат следните типови на биоцидни производи:
 
1.Родентициди (PT14)
 
Биоцидните производи РТ14 се користат за сузбивање на глувци, стаорци и други глодари
 
2.Авициди (PT15)
 
Биоцидните производи РТ15 се користат за сузбивање на птици.
 
3.Молускоциди (PT 16)
 
Биоцидните производи РТ16 се користат за сузбување на мекотели.
 
4.Писцициди (PT17)
 
Биоцидните производи РТ17 се користат за сузбивање на риби. 
Во биоцидните производи РТ17 не спаѓаат производи кои се користат за лечење на болести кај рибите.
 
5.Инсектициди, акарициди и производи за сузбивање на останати членконоги (PT18) 
 
Биоцидните производи РТ18 се користат за сузбивање на членконоги (на пр. инсекти, пајаци, ракови)
 
6.Репеленти и атрактанти (PT19)
 
Биоцидните производи РТ19 се користат за сузбивање на штетни организми (безрбетници како што се болви и рбетници како што се птици) со одбивање или привлекување. Во овој тип на биоцидни производи спаѓаат производи кои директно или индиректно се користат за лична хигиена на луѓе или за хигиена во ветерината.
 
Во групата останати биоцидни производи спаѓаат следните типови биоцидни производи: 
 
1.Конзерванси за храна или храна за животни (PT20)
 
Биоцидните производи РТ20 се користат за заштита на храна или храна за животни од штетни организми.
 
2.Средства за сузбивање на обраснување/наслаги (PT 21)
 
Биоцидните производи РТ21 се користат за сузбивање на развојот и настанокот на несакани организми (микроорганизми и сложени растителни или животински видови) на чамци, опрема и предмети  кои се користат во вода.
 
3.Течности за балсамирање и препарирање (PT22)
 
Биоцидните производи РТ22 се користат за дезинфекција и заштита на човечки или животински лешеви и нивни делови.
 
4.Производи за сузбивање на други рбетници (PT 23)
 
Биоцидните производи РТ23 се користат за сузбивање на други штетници кои не можат да се сузбијат со други типови на биоцидни производи.