Детергенти

Детергент  е супстанција или препарат кој содржи сапуни и/или  други површински активни материи наменети за миење и чистење  и кои можат  да бидат во различна форма ( течна, прашкаста, во облик на паста, парчиња со различни форми и облици и слично ) и кои се ставаат во промет за употреба во домаќинствата, во институции или за индустриски цели.

 Како детергенти се сметаат и:

-          помошни производи за перење; наменети за наквасување (пред-перење), плакнење или белење на ткаенини,

-          омекнувачи-наменети за промена на чуството од ткаенината преку процес кој е комплементарен со перењето на ткаенината,

-          препарати за чистење, наменети за употреба на домаќинствата и/или други површини ( материјали, производи, машини, механичко направи, средства за транспорт и соодветна опрема, инсрументи, апарати и др.) и

-          други средства за чистење и перење, наменети за секакви постапки на перење и чистење.

 

Површински активна супстанција сурфактант )е секоја органска супстанција  и/или препарат употребен во детергентите, кој има површинско активни особини и кој содржи  една или повеќе хидрофилни и една или повеќе хирофобни групи со таква природа и големина што можат да го намалат површинскиот напон на водата и да формира раширен или адсорптивен монослој на граничната површина меѓу водата и воздухот и да формира емулзии и/или микроемулзии и/или мицели и да адсорбира на границата меѓу водата и цврстата површина.

Во детергенти се сметаат и помошни смеси за перење кои содржат површински активни супстанции (ПАС).

Детергентите кои се ставаат во промет треба да ги исполнуваат условите по однос на биоразградивоста и означувањето утврдени со Законт за хемикалии      ( Сл. весник на РМ бр. 145/10 )

Опомена: за ПАС кои се и активни супстанции во биоцидните производи, а се користат како дезинфициенси, не се применуваат испитувањата за примарна и конечна биоразградливост, дополнителната процена на ризик и методите за испитување и анализа на детергенти, ако се наведени воЛиста I- Листата на активните супстанции за вклучување во биоцидни производи или во Листа Ia -Листата за вклучување во нискоризични биоцидни производи.