Упатство за начинот на означување на детергентите

Упатство за начинот на означување на  детергентите

                                                                      (за производителите на детергенти)

 

  1. I.    Вовед

 

  1. Цел на ова упатство е да им се помогне на производителите на детергенти правилно да ги применат одредбите на прописите со кои се уредува класификувањето, пакувањето и означувањето на хемикалиите, како и одредбите за специфичниот начин на означување на детергентите за општа употреба дадени во Правилникот за детергенти.

 

Дефиниции на поимите кои се важни за примена на одредбите на прописите за детергентите:

Детергент е супстанција или смеса која содржи сапуни односно други површински активни супстанции (ПАС) наменети за миење и за чистење. Во детергенти спаѓаат и помошни смеси за перење (претперење, испирање или избелување на облека), омекнувачи на алишта, смеси за други видови чистење и друго;

Површински активна супстанција е која било органска супстанција, односно смеса која има површинско-активни особини и која содржи една или повеќе хидрофилни и една или повеќе хидрофобни групи, кои се способни да го намалат површинскиот напон на водата формирајќи раширен или адсорптивен монослој на допирот вода – воздух и да создадат емулзија односно микроемулзија односно мицели, како и да се адсорбираат на допирот вода – цврста површина;

Детергент за индустриски или професионални цели е детергент што го користи само стручно оспособен персонал, а што не се користи во домаќинството;

Помошни смеси за перење се:

 

-       помошно средство за перење – средство наменето за претперење, испирање или за избелување на облека, алишта од домаќинството итн.;

-       омекнувач за алишта – средство наменето за менување на чувството при допир на ткаенина, во завршните процеси на перење на ткаенината;

смеса за чистење - средство наменето за чистење во домаќинството односно другo чистење на површини (на пример, чистење на материјали, производи, машини, механички алатки, превозни средства и придружна опрема, инструменти, на апарати итн.);

 

-       други средства за чистење и перење – средства наменети за сите други процеси на перење и чистење;

 

Состојка на детергент е секоја хемиска супстанција, од синтетичко или од природно потекло, која е наменета за вмешување во детергент;

 

Стандардно полнење на машина за перење алишта изнесува 4,5  кг суви алишта за универзални детергенти и 2,5 кг суви алишта за детергенти со специфична намена.

Перење е чистење на алишта, садови и на тврди површини;

 

Производител на детергент е правно лице или претприемач кој става во промет детергент или површински активна супстанција, а кој истите ги произведува, увезува или кој ги менува карактеристиките на детергентот и го пакува таквиот детергент, менувајќи го неговото означување;

Пакување е запакуван производ, кој е составен од амбалажа и од содржината во истата, или процес со кој содржината се пакува во амбалажата.

 

Универзален детергент за алишта е секој детергент за перење алишта, освен ако од страна на производителот не е препорачан за нега на ткаенини или ако не е препорачан за перење ткаенини на ниски температури, односно за перење чувствителни ткаенини или за перење обоени ткаенини.

 

2. Прописите врз основа на кои се врши класификација, пакување и означување на детергентите се следниве:

 

-    Правилник за класификација, пакување и означување - DSD/DPD стариот портокалов систем;

 

-    Правилник за класификација,  пакување,  означување во согласност со Глобална хармонизација на системот за класификација и обележување на УН -CLP/GHS систем;

 

-   Список на класификувани супстанции

-  Правилник за детергенти

 

Ова упатство, исто така, содржи и одредени препораки, до кои производителите на детергенти не мора да се придржуваат, но кои се наведени со цел на колку што е појасно и поуниверзално означување на детергентите што се ставаат во промет.

Составен дел на ова упатство се и следниве прилози:

 

Прилог 1:  Пример на класификација на детергентите кога се познати податоците за класификација на сите состојки

 

Прилог 2: Табела на алергени (според INCI номенклатурата)

 

Прилог 3: Табела на конзерванси кои често се користат во средствата за перење.

 

 

II. Означување на детергентите што се наменет за општа употреба

 

Секој детергент што се става во промет, а е наменет за општа употреба мора да биде класификуван, запакуван и означен во согласност са прописите за класификација, пакување и означување на хемикалиите и усогласен са одредбите од Правилникот за детергенти.

 

Секое поединечно пакување на детергентот кој се става во промет треба да биде означено во согласност со наведените прописи. Oзначувањето на поединечното пакување на детергентот подразбира означување на производот со кој ракува потрошувачот.

 

Означувањето на поединечни парчиња или на посебни меѓупакувања во амбалажата не е предмет на наведените прописи како на пример, пакувања на парче на компримирани таблети детергент или на течен детергент запакуван во фолија или во растворливо бесконечно црево во точно определени дози, кои се подготвени за употреба, освен во случај кога наведените поединечни парчиња се продаваат одделно, односно надвор од оригиналната амбалажа.

 

1. Елементи за означување на детергентите во согласност со класификацијата на детергентите според DSD/DPD стариот портокалов систем

 

Врз основа на класификацијата на детергентите и на критериумите за избор на елементите за означување, на етикетите/амбалажата се наведуваат следниве елементи за означување:

1.1.       знак на опасност и пишано предупредување,

1.2.       соодветен графички приказ (пиктограм)

1.3.       ознаки на ризикот и

1.4.       ознаки за безбедност.

 

Пример на класификација и на означување на детергентите според DSD/DPD системот даден е во Прилог 1 на ова Упатство.

 

2. Елементи за означување во согласност со специфичниот начин на означување за детергентите

 

Покрај елементите за означување кои се во согласност со прописите за класификација, пакување и означување на хемикалиите, на етикетата на детергентите кои се наменети за општа употреба мора да бидат видливо означени, неизбришливо, напишани на македонски јазик следниве податоци во согласност со Правилникот за детергенти.

 

2.1.  Општи податоци:

 

-          име и трговско име на детергентот;

-          име или заштитен знак, целосна адреса и телефонски број на правното лице одговорно за ставање на детергентот во промет;

-          адреса на правното лице, и-меил адреса и адреса на интернет презентацијата, како и телефонски број од Листата за составот на детергентот.

 

2.2.  Специфични податоци:

 

2.2.1.   Податоци за составот на детергентот кои се наведуваат, а зависат од присутната концентрација на состојките во детергентот

 

Специфичните податоци за составот на детергнетот кои задолжително се наведуваат на амбалажата, се однесуваат на секоја состојка на детергентот чија концентрација е поголема од 0,2 %, и тоа на таков начин што се наведува опсегот на масениот удел на таа састојка изразен во проценти на следниов начин:

 

-          помалку од 5 % (<5%)

-          од 5 % до 15 % (5%-15%)

-          од 15 % до 30 % (15%-30%)

-          30 % и повеќе.

 

Податоците за составот се однесуваат на секоја од подолу наведените состојки:

-          фосфати,

-          фосфонати (фосфити),

-          анјонски ПАС,

-          катјонски ПАС,

-          амфотерни ПАС,

-          нејонски ПАС,

-          белила врз база на кислород,

-          белила врз бази на хлор,

-          EDTA и нејзините соли,

-          NTA (нитрилo триоцетна киселина) и нејзините соли,

-          феноли и халогеновани деривати на фенол,

-          р-дихлорбензен,

-          ароматични јагленоводороди,

-          алифатични јагленоводороди,

-          халогенирани јагленоводороди,

-          сапун,

-          зеолити,

-          поликарбоксилати.

 

Препораките на Меѓународното здружение за сапуни, детергенти и средства за одржување хигиена, (International Association for Soaps, Detergents and Maintenance Products, А.I.S.E) во врска со наведување податоци за присутните состојки на етикетата/амбалажата на детергентот, кои не се обврзувачки, се:

 

-    да се наведат само состојките што се влезени во составот на детергентот (заради заштеда на простор на етикетата/амбалажата);

-   не е потребно да се даваат објаснувања кои укажуваат на намената на состојката;

-   се наведува само оној опсег на масениот удел во кој се содржани состојките на детергентот (пример – доколку не постојат состојки во опсег од 5 % до 15 %, тој опсег не се наведува на етикетата/амбалажата);

 

-   доколку состојката на детергентот (како суровина) се додава во форма на раствор (на пример, 60% раствор од некоја супстанција), концентрацијата на таквата состојка се пресметува и се наведува како чиста супстанција; истото правило важи за састојка во форма на хидрат, масениот удел се пресметува и се наведува како анхидрирана форма на супстанцијата;

 

-   фосфатите може да се изразат преку % Р (фосфор) помножен со 4, при што Р е фосфор кој потекнува од неоргански фосфати присутни во детергентот (удел на фосфор во триполифосфат ¼ од масениот удел). Овој начин на одредување на P е еквивалентен на начинот на одредување на содржината на фосфатите, како сите фосфати да се присутни во форма на натриум-триполифосфат;

 

-   cолите на EDTA и NTA може да се прикажат како соодветни киселини на EDTA или NTA;

 

-  поликарбоксилатите може да се прикажат како натриумови соли на хомополимерот и на кополимерот на акрилна киселина.

 

2.2.2.      Податоци за состојките на детергентот кои задолжително се наведуваат, независно од концентрацијата на присутната состојка

 

Состојки на детергентот што мора да се наведат на етикетата/амбалажата на детергентот без оглед на нивната концентрација се:

-          ензими,

-          дезинфициенси,

-          оптички белила,

-          мириси

-          конзерванси

 

Алергените, кои влегуваат во состав на мирисите, се наведуваат на етикетата/амбалажата на детергентот поединечно само доколку се присутни во концентрации кои се поголеми од 0,01 %. Името на алергенот треба да биде усогласено со номенклатурата за козметички производи (INCI номенклатура). Список на 26 алергени (INCI номенклатура) кои најчесто се наоѓаат во составот на мирисните компоненти што се користат во детергентите, даден е во Прилог 2.

 

Конзервансите се наведуваат во согласност со прописите со кои се уредуваат козметичките производи (според INCI номенклатурата). Доколку таков назив не е достапен, се наведува називот со кој располага производителот. Список на најчесто користените конзерванси во средствата за перење даден е во Прилог 3.

 

Производителот на детергентот, исто така, треба да провери, врз основа на безбедносните листови на состојките кои влегуваат во составот на детергентот, дали некои од нив содржат конзерванс. Конзервансот кој влегува во состав на состојка, исто така, треба да се наведе на етикетата/амбалажата иако според рецептурата не е „состојка на детергентот“.

 

2.2.3. Обврски на производителот во врска со графички приказ на овошје на етикетата/амбалажата на детергент

 

            На етикетата, односно амбалажата, не смее да се наоѓа графички приказ на овошје, таков што ќе може да го доведе во заблуда потрошувачот во однос на користењето на детергентот.

 

Препорака е графичкиот приказ на овошје на амбалажата на детергентот да не биде ист или сличен со приказот што се наоѓа на производи што се наменети за човечка исхрана. На пример, пожелно е да се избегнува употреба на фотографии на овошје, кои потрошувачите, а особено децата, би можеле да ги асоцираат на храна/пијалаци.

 

2.3.  Елементи за означување на детергентите во однос на мерките на претпазливост

 

На амбалажата на детергентот и на помошните средства за чистење наменети за општа употреба, посебно внимание мора да им се посвети на мерките на претпазливост. Овие мерки се наведуваат со цел известување на потрошувачите, на разбирлив и на сликовит начин, за безбедно користење на производот, преземање на потребните мерки на заштита при ракување, начинот на чување и др.

 

Мерките на претпазливост што треба да се наведат се во директна врска со ознаките за безбедност кои се доделени по класификацијата на самиот производ (детергент).

 

Покрај задолжителното текстуално известување за мерките на претпазливост, се препорачува користење и на графички симболи, кои може да бидат креација на самиот производител. Доколку на пакувањето, односно на етикетата на детергентот постои техничка можност, пожелно е да се постави комбинација на текстуално известување за мерките на претпазливост и на неговиот графички симбол.

 

Пример на вакво означување се препораките на A.I.S.E за мерките на претпазливост:

 

Реден број

Текстуално известување

Графички симбол

1.

Да се чува надвор од дофатот на деца

 

2.

Да се внимава производот да не дојде во допир со очите. Доколку производот дојде во допир со очите добро да се испере со вода

 

3.

По користење рацете треба да се исперат и исушат

 

4.

Лица со чувствителна или оштетена кожа треба да избегнуваат подолг контакт со овој производ

 

5.

Не смее да се голта.

Доколку се проголта, итно треба да се побара лекарска помош и да се покаже етикетата или пакувањето

 

6.

Да не се пресипува во друга амбалажа заради одлагање

 

7.

Да не се меша со други производи

 

8.

По користење добро да се проветри просторијата

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 





















4.1. Елементи за означување кои се однесуваат на детергенти за перење алишта

 

Информации и забелешки што секој производител на детергент треба да ги наведе на етикетата/амбалажата на детергентот за перење алишта наменет за општа употреба се следниве:

 

4.1.1. Препорака за количеството на детергент

 

Препорака за количеството на детергент кој се користи за перење алишта, односно поблиското упатство во кое се наведува дозата на детергентот (изразена во мл или во г), во однос на стандардно полнење на машина за перење алишта: за мека, средно тврда и за тврда категорија на водата и податоци за еден или за два циклуса перење (еден циклус се однесува на „главно перење“ а два циклуса на „претперење + главно перење“)

 

4.1.2. Информации за мерниот сад

 

Ако во пакувањето на детергентот има мерен сад, запремнината на мерниот сад мора да се наведе во мл или во г, а самиот сад треба да има ознаки со помош на кои се одредува дозата на детергентот за стандардно полнење на машините за перење алишта за: мека, средно тврда и тврда категорија на водата.

 

4.1.3. Број на стандардни полнења

 

На етикетата/амбалажата треба да биде назначен бројот на стандардни полнења на алишта, кои можат да се исперат со севкупната содржина на пакувањето.

 

Препорака е тој број на стандардни полнења да се прикаже со соодветен графички приказ, на пример, со симбол на корпа за алишта.

Пример на графички приказ може да биде:

 

*бројот во симболот (00) треба да го означува бројот на стандардни полнења

 

Исто така, се препорачува графички приказ на нивото на извалканост со употреба на симбол на маичка со една, две или со три дамки, во зависност од тоа дали се работи за благо извалкани, вообичаено извалкани или за многу извалкани алишта - симбол на т-маичка или на друга стилизирана маичка, по избор на самиот производител, и тоа:

-          за благо извалкани алишта – маичка со 1 дамка;

 

-          за вообичаено извалкани алишта – маичка со 2 дамки;

 

-          за многу извалкани алишта – маичка со 3 дамки.

 

Пример на графички  приказ на нивото на извалканост:

 

III. Означување на детергентите наменети за професионална или за индустриска употреба

Детергент за индустриска или за професионална употреба мора да биде класификуван, запакуван и означен во согласност со прописите за класификација, пакување, означување и рекламирање на хемикалии.

Со оглед дека производителот на детергентот за индустриски или за професионални цели со соодветна техничка документација или со безбедносниот лист им дава доволно информации (податоци) на натамошните корисници, тој треба да го означи детергентот во согласност со специфичниот начин на означување на детергентите наменети за општа употреба.

Пожелно е на етикетата/амбалажата на детергентот наменет за натамошни корисници да биде истакнато известување:

 

“Само за професионална употреба”

 

Во случај детергентот, освен за професионална/индустриска употреба, да е наменет и за општа употреба, таквиот детергент треба да биде означен во согласност со барањата кои се однесуваат на детергенти наменети за општа употреба.

Препорака е детергентите наменети за индустриски или за професионални цели, кои се дистрибуираат преку продажба на големо, а кои им се достапни и на потрошувачите (на пример, трговија на големо „Cash & Carry“), да имаат на амбалажата/етикетата и известување за потребните мерки на претпазливост, односно дополнителни информации со цел известување на потрошувачите за безбедно користење на овие производи.

 

Прилог 1

Пример на класификација на детергент кога се познати податоците за класификација на сите состојки

 

Состав на детергентот/средството за чистење:

натриум-хидроксид

1,5%

натриум-карбонат

10,0%

натриум-додецилбензенсулфонат

1,5%

Вода

88,0%

 

Податоците за класификација на поединечните состојки на детергентот може да го најдеме во Списокот на класификувани супстанции доколку супстанцијата се наоѓа во Списокот, во безбедносниот лист кој го доставил снабдувачот, во базите на податоци за класификација на супстанции или во други извори.

 

1) Натриум-хидроксидот се наоѓа во Списокот, податоците за негова класификација се преземаат од Списокот – Табела 2.

 

Исечок од Списокот на класификувани супстанции, Табела 2.

Индекс број Хемиски
 назив
EC
 број
CAS
број
Класификација Означување Гранични вредности
011-002-00-6 натриум хидроксид; каустична сода 215-185-5 1310-73-2 C;,
R35
C
R:35
S (1/2-) 26-37/39-45
C; R35: C ≥5%
C; R34: 2% ≤ C  <  5%
Xi;  R36/38:  0,5  %  ≤ C < 2%

 

2)      Натриум-карбонатот се наоѓа во Списокот, податоците за негова класификација се преземаат од Списокот – Табела 2.

 

Исечок од списокот на класификувани супстанции, Табела 2.


Индекс број
Хемиски назив EC
 број
CAS
број
Класификација Означување Гранични
вредности
011-005-00-2 натриум карбонат 207-838-8 497-19-8 Xi; R36 Xi
R: 36
S: (2-)22-26
 

 

 

3)   Натриум-додецилбензенсулфонатот  (Na-DBS) не се наоѓа во Списокот.

 

Податоците за класификација може да се преземат од безбедносниот лист кој го доставил снабдувачот:

 

Податоци за класификација од безбедносниот лист

Индекс број Хемиски назив EC
 број
CAS
број
Класификација Означување Гранични
вредности
  натриум - додецилобензен сулфонат   25155-30-0 Xn; R22,
Xi R41, 37/38
   

 

          Земајќи ги предвид податоците за класификација на NaOH, фактот дека  во Списокот се дадени гранични концентрации кои се применуваат во постапката на класификација на смеси што содржат NaOH и податокот за концентрација на NaOH во детергентот, која изнесува 1,5%, можеме да заклучиме дека таа концентрација се наоѓа во опсегот на граничните концентрации ≥0,5% или < 2%, на кој му одговара класификација во класата на опасност иритативно (знак на опасност Xi) и ознака на ризикот R36/38:

Земајќи ги предвид податоците за класификација Na2CO3, но и фактот дека во Списокот не се дадени гранични концентрации кои се применуваат за класификација на смесата која содржи Na2CO3, ги користиме граничните концентрации кои се дадени во Правилникот за класификација, пакување и означување на хемикалиите и на определен производ, Прилог 3, Дел 2, Табела 4.

 

Табела 4

Класифик ција на

супстанција

Класификација на смеса

C со R35

C со R34

Xi со R41

Xi со R36/37/38

C со R35

конц. ≥ 10%

R35 задолжително

5% ≤ конц. < 10%

R34 задолжително

5% (*)

1% ≤ конц. < 5%

R36/38 задолжително

C со R34

 

конц. ≥ 10%

R34 задолжително

10% (*)

5% ≤ конц. < 10%

R36/38 задолжително

Xi со R41

 

конц. ≥ 10%

R34 задолжително

конц. ≥ 10%

R41 задолжително

5% ≤ конц. < 10%

R36 задолжително

Xi со R36/37/38

 

 

 

конц. ≥ 20%

R36, R37, R38 задолжително во зависност од моментната концентрација на разгледуваните супстанции за кои се применуваат овие ознаки на ризик

 

Врз основа на Табела 4 заклучуваме дека состојката која е класификувана во класата на опасност иритативно (знак за опасност Xi) со ознака на ризикот R36 во концентрација помала од 20% не придонесува за класификација на смесата во оваа класа на опасност, а бидејќи  концентрацијата на Na2CO3 во детергентот е 10,0%, детергентот не се класификува во оваа класа на опасност.

Земајќи предвид дека податоците за класификација на Na-DBS сме ги презеле од безбедносниот лист, за да заклучиме дали и како оваа состојка во концентрација од 1,5% придонесува за класификација на детергентот, потребни ни се граничните концентрации за сите класи на опасност во кои е класификувана состојката (Прилог 3, Дел 2 од Правилникот).

За состојката која е класификувана како Xn R22 се користат гранични концентрации од Прилог 3, Дел 2, Табела 1.

 

Табела 1

 

Класификација на супстанција

Класификација на смеса

Т+

Т

Xn

Т+ со R26, R27, R28

конц. ≥ 7%

1% ≤ конц. < 7%

0,1% ≤ конц. < 1%

Т со R23, R24, R25

 

конц. ≥ 25%

3% ≤ конц. < 25%

Xn со R20, R21, R22

 

 

конц. ≥ 25%

 

Врз основа на Табела 1 заклучуваме дека состојката која е класификувана во класата на опасност штетно (знак на опасност Xn) со ознака на ризикот R22 во концентрација помала од 25% не придонесува за класификација на смесата во оваа класа на опасност, а бидејќи концентрацијата на Na-DBS во детергентот е 1,50%, детергентот не се класификува во оваа класа на опасност.

 

Врз основа на Табела 4 заклучуваме дека состојката која е класификувана во класата на опасност иритативно (знак на опасност Xi) со ознака на ризикот R41 во концентрација помала од 5% не придонесува за класификација на смесата во оваа класа на опасност, а со оглед дека концентрацијата на Na-DBS во детергентот е 1,50%, детергентот не се класификува во оваа класа на опасност.

 

Врз основа на истата табела заклучуваме дека состојката која е класификувана во класата на опасност иритативно (знак на опасност Xi) со ознака на ризикот R37/38 во концентрација помала од 20% не придонесува за класификација на смесата во оваа класа на опасност, а со оглед дека концентрацијата на Na-DBS во детергентот е 1,50 %, детергентот не се класификува во оваа класа на опасност.

 

Табела 4

 

Класифик

ација на

супстанција

Класификација на смеса

C со R35

C со R34

Xi со R41

Xi со R36/37/38

C со R35

конц. ≥ 10%

R35 задолжително

5% ≤ конц. < 10% R34 задолжително

5% (*)

1% ≤ конц. < 5%

R36/38 задолжително

C сo R34

 

конц.≥ 10%

R34 задолжително

10% (*)

5% ≤ конц. < 10%

R36/38 задолжително

Xi cоR41

 

конц. ≥ 10%

R34 задолжително

конц. ≥ 10%

R41 задолжително

5% ≤ конц. < 10%

R36 задолжително

Xi cо

R36/37/38

 

 

 

конц. ≥ 20%

R36, R37, R38 задолжително во зависност од моментната концентрација на разгледуваните супстанции за кои се применуваат овие ознаки на ризик

 

Заклучуваме дека детергентот се класификува во класа на опасност иритативно, му се доделува знак на опасност Xi и ознаки на ризикот R36/38.

 

Врз основа на податоците за класификација и критериумите за избор на елементите за означување, вклучувајќи и ознаки за безбедност, елементите за означување на детергентот се следниве:

 

ЗНАК НА ОПАСНОСТ

Xi

ГРАФИЧКИ ПРИКАЗ

НА ОПАСНОСТ

(ПИКТОГРАМ)

 

X

 

ПИШАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Иритативно

Иритативно за очите и за кожата

Да се чува надвор од дофатот на деца; Да се спречи допир со кожата и со очите; Ако се проголта, итно да се побара лекарска помош и да се покаже етикетата или амбалажата.

ОЗНАКА НА РИЗИКОТ

ОЗНАКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

 

 

Прилог 2.

Алергени
(според 
INCI номенклатурата)

 

Назив на алерген

CAS број

Амилцинамал

122-40-7

Бензил алкохол

100-51-6

Цинамил алкохол

104-54-1

Цитрал

5392-40-5

Еугенол

97-53-0

Хидроксицитронелал

107-75-5

Изоеугенол

97-54-1

Амилцинамил алкохол

101-85-9

Бензил салицилат

118-58-1

Хексил цинамал

104-55-2

Кумарин

91-64-5

Гераниол

106-24-1

  Хидрокси-метилпентил-циклохексенкарбоксалдехид

31906-04-4

Анисалкохол

105-13-5

Бензил салицилат

118-58-1

Фарнезол

4602-84-0

2-(4-тер-Бутилбензил) пропионалдехид

80-54-6

Линалол

78-70-6

Бензилбензоат

120-51-4

Цитронелол

106-22-9

Хексилцинамалдехид

101-86-0

d-лимонен

5989-27-5

Метил хептин карбонат

111-12-6

3-метил-4-(2,6,6-триметил-2-циклохексен-1-ил)-3-бутен-2-он

127-51-5

Екстракт од мов од кора на даб

90028-68-55

Екстракт од мов од кора на даб и ела

90028-67-4

 

 

Прилог 3.

 

Конзерванси кои често се користат во средствата за перење

(според INCI номенклатурата)

 

CAS број

Назив на конзерванс

64-18-6

МРАВЈА КИСЕЛИНА

2634-33-5

БЕНЗИЗОТИАЗОЛИНОН

65-85-0

БЕНЗОЕВА КИСЕЛИНА

120-32-1

ХЛОРОФЕН

2372-82-9

ЛАУРИЛАМИН ДИПРОПИЛЕН ДИАМИН

14548 -60-8

БЕНЗИЛОКСИ (МЕТАНОЛ)

6440-58-0

1,3-БИС (ХИДРОКСИМЕТИЛ)-5,5-ДИМЕТИЛМИДАЗОЛИТИН-2,4-ДИОН

35691-65-7

МЕТИЛДИБРОМ ГЛУТАРОНИТРИЛ

52-51-7

2-БРОМО-2-НИТРОПРОПАН-1,3-ДИОЛ (БРОНОПОЛ)

7492-55-9

КАЛЦИУМ-СОРБАТ

133-06-2

КАПТАН

123-03-5

ЦЕТИЛПИРИДИН ХЛОРИД

 

ХИДРОКСИ-ДИХЛОРОДИФЕНИЛ ЕТЕР

26172-55-4

МЕТИЛХЛОРИЗОТИАЗОЛИНОН

88-04-0

ХЛОРОКСИЛЕНОЛ

59-50-7

ХЛОРОКРЕЗОЛ

79-07-2

ХЛОРАЦЕТАМИД

1777-82-8

ДИХЛОРОБЕНЗИЛ АЛКОХОЛ

97-23-4

ДОХЛОРОФЕН

16731-55-8

КАЛИУМ ПИРОСУЛФИТ

51200-87-4

ДИМЕТИЛОКСАЗОЛИДИН

7681-57-4

НАТРИУМ-МЕТАБИСУЛФИТ

2527-58-4

ДИТИO-БИС [N-МЕТИЛБЕНЗАМИД]

64-17-5

АЛКОХОЛ

7747-35-5

7-ЕТИЛХИДРО-1Н,3Н,5Н ОКСАЗОЛО [3,4-С]ОКСАЗОЛ

50-00-0

ФОРМАЛДЕХИД

26172-55-4

МЕТИЛХЛОРИЗОТИАЗОЛИНОН

18472-51-0

ХЛОРХЕКСИДИН ДИГЛУКОНАТ

107-22-2

ГЛИОКСАЛ

110-44-1

СОРБИНСКА КИСЕЛИНА

7173-51-5

ДИДЕЦИЛДИМЕТИЛ АМОНИЕВ ХЛОРИД

822-89-9

ХИДРОКСИЛ-2-ПИРИДОН

55406-53-6

3-ЈОДО-2-ПРОПИНИЛ БУТИЛКАРБАМАТ

13707-65-8

КАЛИУМ o-ФЕНИЛФЕНАТ

24634-61-5

КАЛИУМ СОРБАТ

10117-38-1

КАЛИУМ-СУЛФИТ

4080-31-3

МЕТАМИН-3-ХЛОРОАЛИЛОХЛОРИД

2682-20-4

2-МЕТИЛ-2Н-ИЗОТИАЗОЛ

2682-20-4

МЛЕЧНА КИСЕЛИНА

532-32-1

НАТРИУМБЕНЗОАТ

59-50-7

ХЛОРОКРЕЗОЛ

7631-90-5

НАТРИУМ ХИДРОГЕНСУЛФИТ

70161-44-3

НАТРИЕВ ХИДРОКСИМЕТИЛ ГЛИЦИНАТ

132-27-4

НАТРИЕВ o-ФЕНИЛФЕНАТ

7757-83-7

НАТРИУМ СУЛФИТ

126-11-4

НИТРОМЕТИЛИДИНТРИМЕТАНОЛ

26530-20-1

2-ОКТИЛ-2Н-ИЗОТИАЗОЛ-3-ОН (ОКТИЛИЗОТИАЗОЛИНОН)

111-30-8

ГЛУТАРАЛ

122-99-6

ФЕНОКСИЕТАНОЛ

90-43-7

o-ФЕНИЛФЕНОЛ

3811-73-2

ПИРИТИОН НАТРИУМ

13463-41-7

ПИРИТИОН ЦИНК

8001-54-5

  БЕНЗАЛКОНИУМ ХЛОРИД

8001-54-5

БЕНЗАЛКОНИУМ ХЛОРИД

8001-54-5

БЕНЗАЛКОНИУМ ХЛОРИД

100085-64-1

КОКОБЕТАИНАМИДО АМФОПРОПИОНАТ

68424 -95-3

ДИКАПРИЛ/ДИКАПРИЛИЛ ДИМОНОИМ ХЛОРИД

69-72-7

САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА

7783-90-6

СРЕБРО ХЛОРИД

148-79-8

ТИАБЕНДАЗОЛ

127-65-1

ХЛОРАМИН-Т

7722-84-1

ВОДОРОД ПЕРОКСИД