Согласно Законот за хемикалии, управувањето со ризикот од хемикалиитево Република Македонија се заснова на начелото на претпазливост на производителот, увозникот и/или натамошниот корисник, надолу по ланецот на движењето на хемикалијата, кои кога произведуваат, увезуваат, користат хемикалии, со што ќе обезбедат избегнување на несакани ефекти по здравјето на луѓето и животната средина. Превентивниот пристап става акцент на проценката на опасните својства, односно класификацијата на хемиклаиите, пред тие да бидат ставени во промет и информирање за опасноста преку одбележувањето (Етикети - види долу), и (безбедносниот лист), во форма наменета за професионалните корисници. Во постапката на класификација се одлучува  која класа на опасност ја носи хемикалијата, па аналогно на тоа се додаваат елементите за одбележување на етикетата пред хемикалијата да се стави во промет.

Во Македонија моментално се користат двата система на класификација, одбележување и пакување на хемикалиите портокаловиот, (според ДСД/ДПД прописите) и новиот ЦЛП/ГХС, кои во наредниот период ќе важат паралелно, за смеси,  до крајот на транзициониот период од 1 Јуни 2015, предвидени со Глобално хармонизираниот систем (ЦЛП/ГХС).

Ваша обврска и право, се да бидете информирани за опасностите кои произлегуваат од хемикалиите заради нивната секојдневна употреба во индустријата, занаетчиската дејност, во образовните институции, како и во нашите домови.

Би сакале да потенцираме дека Глобално Хармонизираниот систем на класификација, одбележување и пакување на хемикалиите претставува револуција во оваа област, зашто овозможува, за прв пат класификацијата, одбележувањето и пакувањето на хемикалиите биде спроведено на ист начин насекаде во светот. 

Република Македонија овој систем го воведе во 2009 година во своето национално законодавство.

 

 

 

 

Пиктограми по системот DSD/DPD

 

Пиктограми по системот CLP/GHS