Што претставува REACH за Корисниците на Хемикалии

Што е REACH? 
 
REACH (Регистрација, Евалуација, Овластување (Авторизација) и забрана на Хемикалии) е систем за контрола на хемикалии во Европа. Вие мора да ги разберете начините на кои можете да бидете засегнати од овој систем. 
 
Дали користите хемикалии во вашиот бизнис? 
 
Повеќето бизниси ги користат хемикалиите и дури зависат од нив без да бидат свесни за тоа. На пример, можете да ги користите во производството на крајните стоки или едноставно да ги користите за оддржување на вашите машини и простории чисти. Во примерите можеме да ги наведиме боите, металите, лепилата, растворите и препаратите за чистење. 
 
Што се случува со хемикалиите под REACH? 
 
Од први декември 2008, хемикалиите кои се произведуваат или увезуваат во ЕУ треба да бидат регистрирани во Европската Агенција за Хемикалии (ECHA) во Хелсинки. Не сите хемикалии ќе бидат регистрирани веднаш. Ако производителот или увозникот направиле пре-регистрација на хемикалијата тогаш имаат право да аплицираат за регистрација после неколку години. Вашиот доставувач треба да може да ве извести дали хемикалијата која ја користите е пре-регистрирана или регистрирана и да ви го даде пре-регистрацискиот или регистрацискиот број доколку процесите се завршени. Ако производителот или увозникот не се направиле ниту пре-регистрација ниту регистрација на супстанцијата, тогаш е нелегално да ја доставуваат надолу по ланецот на набавка. 
 
Како корисник,  REACH може да ви ги олесни работите бидејќи е дизајниран да овозможи достап до повеќе информација за хемикалиите и да ја зголеми довербата во нивната безбедна употреба. Поточно, информацијата за ризикот и штетните влијанија на хемикалиите како и начините за безбедно користење на истите треба да се пренесе надолу по ланецот на набавка од производителите и увозниците користејќи ги новите верзии на Безбедностните Листови. Освен ако не произведувате или увезувате хемикалии, како корисник многу е неверојатно дека ќе треба да правите регистрација. Ако сепак произведувате или увезувате хемикалии тогаш треба да ги прочитате Брошурите на Бирото за лекови – Министерство за Здравство на Р.М. – Што претставува REACH за производителите и Што претставува REACH за увозниците. 
 
Што треба да правам? 
 
Прашајте се што правите во вашиот бизнис и каде може да бидат употребени хемикалиите? На пример, ако произведувате нешто од смеси (формулации, н.п. бои, лакови) или предмети за продажба, тогаш најверојатно користите некаква форма на хемикалии. Во основа, ако ги користите хемикалиите или смесите од хемикалии (н.п. бои, лубриканти, препарати за чистење, итн.) на начинот на кој треба, тогаш REACH нема да биде причина за значајни промени во вашиот бизнис. Може да размислите да направите Инвентар на сите хемикалии кои ги користите во вашите простории (погледнете ја Брошурата на Бирото за Лекови – Министерство за Здравство на Р. М. – Како да се направи Инвентар). 
 
Ако вашиот бизнис зависи од употребата на хемикалии кои не се среќаваат многу често, тогаш треба да се осигурате дека овие хемикалии се сеуште достапни за употреба. Треба да стапите во контакт со вашиот доставувач и да прашате доколку хемикалиите за кои станува збор се пре-регистрирани или регистрирани од компанијата која ги произведува или увезува и дали начините на употреба кои вие ги користите се покриени со регистрацијата. Многу веројатно е некои компании, на пример од трговски причини, да одлучат да не ја регистрираат супстанцијата. Ако тоа се случи тогаш ќе треба да изнајдете алтернативно решение за производител/увозник на супстанцијата или да ги промените процесите и начинот на работење.
Ако хемикалијата ја користите на сосема нов начин, кој не е очекуван и познат, тогаш треба да го известите вашиот доставувач. Овој начин на употреба ќе треба да подлежи на ресгистрација од страна на доставувачот. Ако не сакате да го известите вашиот доставувач за овој начин на употреба (на пример од трговски причини) тогаш и не сте обврзани да го правите тоа, но сепак ќе треба да ја известите ECHA и најверојатно ќе треба да приложите сопствен Извештај за проценка на ризикот. Откако хемикалијата ќе биде регистрирана и вам ви е доставен Безбедносниот Лист во кој се наоѓа регистрацискиот број имате најмногу шест месеци да ја известите ECHA за вашиот начин на употреба, само доколку истиот не е вклучен во регистрацијата. Вашиот доставувач треба да ви каже кои начини на употреба се покриени со регистрацијата.
 
Безбедносните Листови според REACH 
 
Најверојатно ќе приметите некои промени во составот и изгледот на Безбедносните Листови кои ќе ги добиете од вашиот доставувач. Откако хемикалијата ќе биде регистрирана, Безбедносниот Лист ќе содржи регистрациски број. Безбедносните Листови може да содржат и сценарија на изложеност. Сценариото на изложеност ги опишува работните услови и мерките за управување со ризикот од хемикалиите кои се идентификувани од доставувачот како неопходни за безбедно користење на хемикалиите во вашето работење. REACH ве обврзува да ги следите советите за управување со ризикот кои се дадени во сценаријата на изложеност кои се дел од Безбедносните листови. Ако користите други мерки за управување со ризикот од оние опишани во сценариото на изложеност, тогаш треба да сте спремни да ги оправдате овие мерки како еквивалентни (или подобри) за заштита на човечкото здравје и животната средина.  Ако треба да ги промените мерките за управување со ризикот на вашето работно место со цел да соодветствуваат на сценариото на изложеност, тогаш имате најмногу 12 месеци (по добивањето на Безбедносниот лист во кој се наоѓа и регистрацискиот број) за да го направите тоа. 
 
Дополнителна информација
 
За совети во врска со примената на законските обврски според REACH можете да го контактирате Надлежниот Орган за REACH во Република Македонија.
Email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Интернет страница: www.reach.mk