Што претставува REACH за увозниците во ЕУ Издвоено

 
Што е REACH? 
 
REACH (Регистрација, Евалуација, Овластување (Авторизација) и забрана на Хемикалии) е систем за контрола на хемикалиите во Европа. Вие треба да ги разберете начините на кои овој систем може да влијае на вас како увозник. 
 
Кои хемикалии се покриени со REACH? 
 
Од први декември 2008 хемиските супстанции кои се увезени во Европа во количини од еден тон годишно или повеќе од еден тон годишно требаше да бидат регистрирани во Европската Агенција за Хемикалии (ECHA) во Хелсинки. 
 
Само хемикалиите како такви се регистрираат, а не смесите од хемикалии (препарати/раствори). Кога хемикалијата се увезува како дел од смеса, на пример, во бои или лепила, итн., тогаш се регистрираат само нејзините одделни состојки. Во некои случаи треба да се регистрираат и супстанции кои се наоѓаат во производи.
 
Постојат неколку исклучоци, како радиоактивните супстанции, оние кои се наоѓаат во царинарните складишта и чекаат за повторен извоз надвор од ЕУ/ЕЕА, супстанции во транзит и во отпадот (како што се дефинирани во Директивите на ЕУ). Само одредени делови од REACH се однесуваат на некои хемикалии, н.п. хумани и ветеринарни лекови, храна и хранителни додатоци. За други, н.п. меѓупродукти, постојат намалени должности под одредени услови, а некои супстанции се третираат како веќе да се регистрирани.
Повеќе информација за различните типови на исклучоци може да добиете во Брошурата на Бирото за Лекови – Министерство за Здравство на Р.М. - Исклучоци од REACH.
 
Што значи увозник? 
 
Ако директно увезувате нешто надвор од ЕУ/ЕЕА, без разлика дали е хемиска супстанција (вклучително и метали), смеса (н.п. бои, козметика), производи (крајни продукти, н.п. облека или пластични производи) или производи кои содржат супстанции кои треба да бидат ослободени (н.п. миризливи пенкала), тогаш многу е веројатно дека ќе имате одредени должности според REACH.
Компаниите надвор од ЕУ не можат самите да ги регистрираат супстанциите, но може да назначат правно лице кое се наоѓа во ЕУ, таканаречено ‘Само претставник’ коешто ќе работи во името на нивните увозници во ЕУ. 
 
Што се очекува од мене според REACH? 
 
Ако сакате да продолжите со увозот на хемикалии кои ги покрива REACH ќе треба да ги регистрирате во ECHA. Регистрацијата значи доставување на пакет од техничка информација за хемикалијата и опасностите од неа до ECHA. Регистрацијата е распределена на фази во различни временски периоди кои се базираат на количината на увезената супстанција и на степенот на ризик од хемикалијата. Сепак, за да го искористите максимално фазното регистрирање треба претходно да имате направено пре-регистрација на супстанциите. 
 
Компаниите кои ги увезуваат своите супстанции пред први декември 2008 требаше да ги пре-регистрираат во Европската Агенција за Хемикалии во периодот од први јуни до први декември 2008 за да можат да продолжат законски да ги ставаат во промет и да ги користат. Ако сте го промашиле овој иницијален пре-регистрациски период, треба да стапите во контакт со Надлежниот орган за REACH во Република Македонија.
 
Повеќе информација за стапувањето во сила на REACH во Република Македонија како и дел за пре-регистрација можете да добиете на интернет страницата на Бирото за лекови/Министерство за Здравство.
 
Компании кои увезуваат супстанции за прв пат откако REACH стана закон, после први декември 2008 може да се пријават за 'задоцнета пре-регистрација'. 

Пре-регистрацијата е бесплатна и едноставна. За секоја хемикалија ќе треба да ја доставите следнава информација до ECHA: 
 
• Име на супстанцијата, заедно со број за идентификација (н.п. CAS или EINECS број); 
• Името и адресата на вашата компанија како и лице за контакт; 
• Предвиден период за завршување на регистрацијата и количината на супстанцијата; и
• (доколку е возможно) информација за друга хемикалија која е структурално слична на вашата супстанција на којашто можете да се повикате при собирањето на докази за опасностите и ризиците од супстанцијата при собирање информација за вашиот регистрациски пакет. 
 
Пре-регистрацијата може да се достави само преку REACH-IT порталот на ECHA.. 
ECHA ќе ви даде упатство со кое ќе ве води чекор по чекор во процесот на подготовка за пре-регистрација. Повеќе информација можете да добиете во нашата Брошура за Пре-регистрација.
Друга бенефиција од пре-регистрацијата на хемикалии е тоа што ќе станете дел од група на компании кои веќе ја имаат пре-регистрирано истата супстанција. Оваа група се нарекува Форум за Размена на Информации за Сустанциите (SIEF,) помага во делењето на информации за својствата на супстанцијата така што до ECHA се доставува само еден сет од техничка информација. Членовите на Форумот, исто така можат да работат колективно на други аспекти од регистрацискиот пакет. Членувањето во  SIEF ќе ви помогне во снабдувањето со експертско мислење и намалување на трошоците така што членовите на истиот плаќаат намалени такси за регистрација. 
 
Други должности на увозниците 
 
Треба да бидете свесни и за други обврски кои може да ги имате како увозник. 
 
Ако увезувате хемикалии кои подлежат на регистрација или се класифицирани како опасни, тогаш ќе треба да ја информирате ECHA (по електронски пат) за класификацијата и означувањето на тие хемикалии. Ова треба да се направи до први декември 2010 за хемикалии кои веќе се пуштени во промет или во рок од еден месец откако за прв пат сте ги пуштиле во промет после први декември 2010. Оваа обврска важи за увозниците според новата Европска Регулатива за Класификација, Означување и Пакување на Супстанциите и Смесите (CLP Регулатива). 
 
Ако заедно со вашите хемикалии или производи доставувате и Безбедносни Листови, ќе треба да ги ажурирате додавајќи ја новата информација. За дополнителна информација погледнете ја Брошурата на Бирото за Лекови – Министерство за Здравство на Р.М. – Безбедносни Листови. Корисниците на хемикалиите кои ги увезувате може да побараат од вас да ги покриете нивните начини на употреба со вашата регистрација.
 
Ако увезувате производи кои содржат хемикалии со одредени опасни својства, тогаш во зависност од концентрацијата на овие хемикалии, најверојатно ќе треба да доставите информација за безбедната употреба на овие производи до професионалните корисници и (особено на нивно барање) до потрошувачите. За вакви хемикалии во производи, ќе треба да пратите известување до ECHA, должност која стапува во сила на први јуни 2011. За повеќе информација погледнете ја Брошурата на Бирото за Лекови – Министерство за Здравство на Р.М. – Производи.
 
Дополнителна Информација
 
За совети во врска со примената на REACH можете да го контактирате Надлежниот Орган за  REACH  во Република Македонија: 
E-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Интернет страница: www.reach.mk